Лукашенко: Ниту на Москва ниту на Минск им е потребна војна, но треба да бидат подготвени за неа

Лукашенко: Ниту на Москва ниту на Минск им е потребна војна, но треба да бидат подготвени за неа

пред 2 часа

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денес за време на средбата со рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов изјави дека ниту на Белорусија ниту на Русија им е потребна војна на западниот фронт.

„Се подготвуваме за војна, но правиме сè што е можно за да ја избегнеме. Ниту нам, ниту на вас ни е потребна. Сепак, за да се спречи тоа да се случи, секогаш мора да се биде подготвен. Затоа нашите заеднички сили во западен правец секогаш ќе бидат потребни и тие денес се во добра состојба“, рече Лукашенко, пренесува „Белта“.

Лукашенко ѝ се заблагодари на Москва за помошта во воспоставувањето контрола со употреба на разни технички средства по периметарот на Федералната држава, особено по нејзините граници со Украина и западните земји.

Текстот Лукашенко: Ниту на Москва ниту на Минск им е потребна војна, но треба да бидат подготвени за неа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top