Македонка е повредена во сообраќајка кај Кукуш

пред 2 години

Македонка е повредена во сообараќајна несреќа во која има две жртви во Грција, а во која учествувале три автомобили и стадо диви свињи, јавуваат тамошните медиуми.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Во несреќата загинале двајца, а повредени се четири лица. Сообраќајката се случила синоќа околу 23:30 часот на автопатот Солун – Нео Петрициу.

Патролно возило, управувано од 42-годишен полициски службеник се судрило со диви свињи кои поминувале на автопатот. Во автомобилот патувале уште двајца полицајци.

Потоа, возилото управувано од 56-годишен државјанин на Северна Македонија со судрило со истото стадо, се превртело и паднало во нива. Во возилото била и 50-годишната Македонка која е повредена.

Третото возило, пак, во кое патувале две лица на возраст од 53 и 48 години се судрило со полицискиот автомобил, при што животот го загубиле двајцата патници.

Повредените се задржани на лекување во Кукуш.

Share
Scroll to Top