Макрон ги повика Французите да издржат уште четири до шест недели пред попуштање на мерките

пред 4 години

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика своите сонародници денес да издржат уште четири до шест недели пред да бидат попуштени некои мерки.

Показателите укажуваат дека расте заразата во Франција, а наскоро може да се воведат нови ограничувачки мерки во областите на големите градови, за што во моментов се дискутира. За време на викендот е можна општа блокада, што веќе е во Ница и Данкирк.

Властите работат на зајакнување на кампањата за вакцинација особено за ранливите лица и негувателите со цел да се намали притисокот врз болниците.

Премиерот Жан Кастекс изјави дека до крајот на март две третини од луѓето над 75 години ќе бидат вакцинирани, а до средината на мај вакцината против Ковид-19 може да им се понуди на сите постари од 50 години.

За да може да се отворат културни институции и ресторани, францускиот претседател треба неделава да разговара со владата за воведување на санитарна пропусница, но таа нема да биде пасош за вакцинација.

Share
Scroll to Top