Макрон: Предвремените избори се единствениот пат напред

Макрон: Предвремените избори се единствениот пат напред

пред 8 месеци

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека распуштањето на францускиот парламент и распишувањето предвремени избори е единствениот можен одговор на добрите резултати што ги постигна крајната десница на изборите за Европскиот парламент (ЕП) во неделата.

Макрон на прес-конференција рече дека предвремените избори се единствениот пат напред, пренесе Ројтерс.

Францускиот претседател ги повика умерените политичари од левицата и десницата да се обединат за да ја поразат крајната десница на парламентарните избори.

Текстот Макрон: Предвремените избори се единствениот пат напред е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top