Макрон: Путин е на страната на војната, секој што веруваше поинаку е измамен

Макрон: Путин е на страната на војната, секој што веруваше поинаку е измамен

пред 1 ден

Францускиот претседател Емануел Макрон денес ги осуди ставовите на рускиот претседател Владимир Путин, обвинувајќи го дека е „на страната на војната“ и додавајќи дека оние кои верувале поинаку сега се самите одговорни за своите заблуди.

„Претседателот Путин е на страната на војната, а не на страната на мироти оние кои веруваа дека тој има желба за мир, самите беа измамени“, рече Макрон на прес-конференцијата што ја одржа со полскиот премиер Доналд Туск во Нанси, пренесува „Фигаро“.

Денес, Туск и Макрон потпишаа договор за пријателство и зајакната соработка, а францускиот претседател го опиша „француско-полското пријателство“ како „срдечен сојуз“.

Сличен договор веќе е потпишан меѓу Франција и Германија, Италија и Шпанија.

Претседателот на Франција повтори дека „виталните интереси“ на Франција, врз основа на нејзината стратегија за нуклеарно одвраќање, се поврзани и со интересите на нејзините „главни партнери“ во Европа.

„Од 60-тите години, со изјавите на генералот де Гол, европската димензија на оваа стратегија за одвраќање е потврдена и постојано ја потврдуваат сите мои претходници, а јас самиот го правев тоа“, потсети Макрон.

Тој изјави дека ќе оди во Украина во „соодветен момент“, но не прецизираше дали ќе биде присутен на самитот на европските лидери што се одржува овој викенд, јавува BFM TV.

„Во вистинскиот момент, ќе одам таму. Од многу разбирливи причини, за ова ретко се зборува однапред“, рече Макрон.

Неколку часа претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски најави одржување на самит на европските лидери во Украина овој викенд.

На овој состанок ќе се собере „коалицијата на добронамерните“, која е составена главно од европски земји и има за цел да му обезбеди воена помош на Киев, како и да постави рамка за воспоставување траен мир во Украина.

Самитот на европските лидери во Украина следува по повикот на американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот за „безусловен 30-дневен прекин на огнот“ во Украина, што треба да доведе до „траен мир“.

Макрон ја поздрави оваа изјава и изрази желба да „дејствува во оваа насока без измама и без одложување“, пренесува Танјуг.

Текстот Макрон: Путин е на страната на војната, секој што веруваше поинаку е измамен е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top