Макрон: Путин треба конечно да престане да лаже

Макрон: Путин треба конечно да престане да лаже

пред 3 дена

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Владимир Путин е единствената личност што стои на патот на мировниот предлог поддржан од САД и Европа.

„Единственото нешто што претседателот Путин треба да го направи е конечно да престане да лаже“, рече Макрон за време на посетата на Мадагаскар, објави АФП.

„Тој им кажува на американските преговарачи дека сака мир, а во исто време продолжува да ја бомбардира Украина“, додаде тој.

Макрон рече дека Украинците сакаат да чујат само едно: дали Путин се согласува на безусловно примирје? Тој нагласи дека „ако Путин каже „да“, оружјето би можело да замолкне утре и да се спасат животи“.

„Американскиот гнев треба да биде насочен само кон едно лице – претседателот Путин“, заклучи Макрон.

Вчера, Доналд Трамп го обвини Володимир Зеленски дека го отфрла мирот и рече дека може „да избере помеѓу мир и уште три години војна“, додека утрово му рече на Путин: „Владимир, престани! 5.000 војници умираат неделно. Ајде да го завршиме мировниот договор“.

Текстот Макрон: Путин треба конечно да престане да лаже е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top