Макрон: Русија презеде историска одговорност со започнувањето на оваа војна

пред 4 години

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека Франција ја интензивира работата за да спречи ескалација на војната во Украина, истовремено отфрлајќи секаква директна вмешаност на француските војници во обраќањето во Брисел.

– Одлучивме да ја интензивираме работата за да спречиме ескалација и да се организираме во случај тоа да се случи. Дејствуваме во согласност со потребата да продолжиме да го прилагодуваме нашиот став кон новите стратешки околности предизвикани од војната во Украина и нејзините последици – рече францускиот претседател, нагласувајќи го учеството на 3.200 француски воени лица во вежбите на НАТО.

Сепак, Макрон, повторувајќи ги изјавите што ги дал неколку пати во минатото, отфрли какво било директно учество на француската војска, пренесува Си-Ен-Ен.

– Продолжуваме да стоиме покрај украинскиот народ со воена, економска и хуманитарна поддршка – рече тој.

„Нашата одлучност нè наведе заедно да усвоиме санкции без преседан“, рече Макрон.

Францускиот претседател, исто така, ја опиша „растечката изолација на Русија“ и унифициран одговор од сојузниците на НАТО и ЕУ.

– Русија ја презеде историската одговорност со започнувањето на оваа војна. „Нашата стратегија е да направиме се што можеме за да ја запреме секоја ескалација и да го запреме овој конфликт што е можно поскоро преку нашата поддршка за Украина, нашите санкции и дискусиите што продолжуваат меѓу нас неколкумина и рускиот претседател Путин за да се најдат начини и средства за да се постигне договорено решение“, рече тој.

Share
Scroll to Top