Авионот „Пајпер“ се урна во југозападна Германија во областа Беблинген, при што загинаа неколку лица, јавија тамошните медиуми.
Полицијата ги истражува причините за несреќата.
Авионот полетал од аеродромот во Штутгарт во 9,40 часот и се урнал по само пет минути во пошумениот дел на југозападната германска провинција Баден-Вуртемберг.
Полицијата соопшти дека неколку лица го загубиле животот.
Точниот број на починати не е конечен, но полицијата досега потврди три смртни случаи, пренесуваат германски гласила.
Во моментов, на место на несреќата се наоѓаат бројни служби за вонредни ситуации кои веќе ја пронајдоа црната кутија.
Истрагата за причините за несреќата и идентификувањето на жртвите продолжува, се вели во соопштението на полицијата.