Компанијата „Спејс Икс“ на Илон Маск потпиша договор вреден 60 милиони евра со германската компанија „Сингулус технолоџис“ за набавка на опрема за производство на соларни ќелии, наменети за проектот „Стармајнд“, кој предвидува создавање центри за вештачка интелигенција во Вселената, пренесува „Евроњуз“.
По објавувањето на договорот, акциите на германската компанија привремено пораснаа за 65 до 80 проценти. Маск на платформата Икс објави дека ова е само прва нарачка во низата.
Проектот „Стармајнд“ предвидува изградба на мрежа сателити што ќе функционираат како центри за обработка на податоци со помош на вештачка интелигенција. Сателитите ќе користат соларни панели долги 75 метри, а обработените податоци ќе ги испраќаат на Земјата преку ласерска комуникација.
Првите испораки на опремата се очекуваат на почетокот на 2027 година. Според Маск, ваквите центри би можеле да бидат енергетски поефикасни и да имаат помало влијание врз животната средина од центрите на Земјата, иако технологијата сè уште не е докажана во практика.
Текстот Маск вложува 60 милиони евра во германска технологија за центри за вештачка интелигенција во вселената е превземен од МАКФАКС.




