Маск побарал од Трамп да го ограничи Старшилд, што ја ослабнало украинската одбрана од дронови

Маск побарал од Трамп да го ограничи Старшилд, што ја ослабнало украинската одбрана од дронови

пред 3 часа

Милијардерот и технолошки претприемач Илон Маск му предложил на американскиот претседател Доналд Трамп да се воведат ограничувања на брзината на системот Старшилд, што довело до отежнување на украинската одбрана од дронови, објави британски „Телеграф“, повикувајќи се на четири извори запознаени со разговорите.

Според еден од изворите, Трамп се согласил со предлогот на Маск, со што му бил отворен пат на Пентагон да го забави работењето на Старшилд, воената верзија на сателитскиот комуникациски систем Старлинк на компанијата „СпејсЕкс“.

Старшилд ѝ овозможува на украинската војска да одржува комуникација на фронтот и да спроведува операции со беспилотни летала.

Претходно, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека „СпејсЕкс“ го ограничил пристапот до системот, кој Киев го користи за пресретнување дронови со млазен погон и за напади зад непријателските линии.

Маск во средата негираше дека е одговорен за ограничувањето на пристапот до Старлинк, обвинувајќи ја Белата куќа за одлуката. Тој наведе дека за сите „ограничувања на брзината или користењето“ одлучувале американската војска и, на крајот, претседателот на САД.

Трамп, пак, во петокот изјави дека САД не вовеле никакви ограничувања за пристапот на Украина до Старшилд. Одговарајќи на новинарски прашања пред Белата куќа, тој рече дека ниту тој ниту Маск не се одговорни за губењето на пристапот до системот од страна на Украина.

Според двајца американски и еден западен функционер запознаени со случајот, кои зборувале за „Ројтерс“, наредбата за ограничување на сателитскиот систем Старшилд, што го користи украинската војска, пристигнала од Белата куќа.

Изворите наведуваат дека раководителите на американското Министерство за одбрана добиле порака дека треба да се ограничи работењето на услугата Старшилд на „СпејсЕкс“ што ја користи украинската војска.

Сепак, не е прецизирано кој во Белата куќа ја донел одлуката, ниту кој бил задолжен за нејзиното спроведување.

Текстот Маск побарал од Трамп да го ограничи Старшилд, што ја ослабнало украинската одбрана од дронови е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top