Медведев: Путин нема ни имот ни сметки во странство

пред 2 години

Рускиот претседател Владимир Путин, како и другите политичари во земјата, нема сметки, имот или други значајни интереси во странство, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност, Дмитриј Медведев.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„ Претседателот, политичкото и военото раководство на земјата немаат. Тоа е очигледно. И креаторите на западните санкции го признаваат тоа. Никој од нас нема странски средства, сметки или значителни интереси во странство. Не одиме таму да се одмориме или да работиме“, напиша Медведев на Телеграм, пренесува ТАС С.

Зборувајќи за западните санкции против Москва, Медведев се запраша „когo, всушност, нивните автори сакаа да казнат“.

Како што вели, западните санкции се особено насочени кон Русите и одлуките се базираат на омраза кон Русите.

„ Против кого е сето ова? Одвратниот заклучок е дека овие санкции се насочени против рускиот народ. Овој заклучок е обесхрабрувачки, но, за жал, е вистинит. Сите нè мразат! Овие одлуки се засноваат на омраза кон Русија – кон Русите, кон сите нејзини жители“, рече Медведев.

Share
Scroll to Top