Децата повредени во напад со нож во основното училиште „Пречко“ се пренесени во болниците во Загреб. Двајца од нив се во загрепската детска клиника.
Едното дете е седум, другото 11 години. Имаат повеќе убодни рани, но, како што вели директорот, се надвор од животна опасност. Се врши дијагностичка обработка по што на крајот ќе се утврди дали на некој од нив им е потребна операција. Детето кое со итен хеликоптер беше пренесено во болницата во Дубрава, односно до нивниот хелиодром, беше пренесено во КБЦ – Загреб. Се работи на дијагностичка обработка и тоа е надвор од животна опасност.
Двајца од повредените, како што неофицијално дознава ХРТ, насилникот и наставничката, се во клиничката болница „Свети дух“.
„Наставничката се бори за животот и ситуацијата е тешка. Насилникот сам си нанел опасни за живот повреди во пределот на вратот“.
Министерката за здравство Ирена Хрстиќ изјави дека починатото дете има седум години.
Текстот Меѓу повредените има и деца од 7 и 11 години, наставничката се бори за животот во Загреб е превземен од МАКФАКС.






