Потврдена мини-реконструкцијата на Европската комисија

пред 4 години

Европскиот парламент на пленарната седница во Брисел ја потврди мини-реконструкцијата на составот на Европската комисија, предизвикана од заминувањето на ирскиот комесар Фил Хоган.

Комесарот за трговија Хоган поднесе оставка на крајот на август поради кршење на епидемиолошките мерки што се на сила во Ирска, а кои се воведени за борба против коронавирусот.

Неговиот ресор – трговија е доделен на извршиот потпретседател Валдис Домбровскис, а Ирска ја испрати Мајрид Мекгинис, сегашна потпретседателка на Европскиот парламент, како замена за Хоган.

Мекгинис е назначена за комесар за финансиска стабилност и пазари на капитал.

Ресорот трговија е едно од најважните во Европската комисија. Пред Домбровскис е тешка задача, меѓу другото, затоа што ќе мора да работи на намалување на тензиите со САД и да се справи со идните односи со Велика Британија.

Share
Scroll to Top