Можно е затворање на регионалната канцеларија на СЗО во Русија

пред 3 години

Канцеларијата на Светската здравствена организација за Европа денеска донесе резолуција што може да резултира со затворање на регионалната канцеларија на СЗО во Русија и откажување на состаноците во таа земја.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Резолуцијата е донесена како одговор на руската инвазија на Украина, пишува „Ројтерс“.

На посебна седница на Регионалната канцеларија на СЗО за Европа, резолуцијата била усвоена со 43 гласа „за“, три „против“ и два воздржани, а поддршка добила од Украина и од Европската унија.

Рускиот пратеник Андреј Плутницки се спротивставил на резолуцијата и рекол дека е екстремно разочаран, наведува британската агенција.

Share
Scroll to Top