Москва до ЕУ: Ја пропуштивте можноста

пред 3 години

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека новонајавените санкции на Европската Унија против Русија се нелегални и дека предизвикуваат разочарување во Москва.

Министрите за надворешни работи на ЕУ претходно вчера се согласија дека Брисел ќе воведе санкции за четворица високи руски функционери блиски до претседателот Владимир Путин, како одговор на притворот за лидерот на руската опозиција, Алексеј Навални.

Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи се вели дека ЕУ ја пропуштила можноста да го промени својот курс кон Русија.

Претседателот на Комитетот за меѓународни работи на Државната дума на Русија, Леонид Слуцки, вели дека новите санкции на ЕУ нема да останат без одговор од Русија, пренесува ТАСС.

„Санкциите на Европската унија поради случајот Навални ќе бидат уште еден чекор кон деградација на односите со Русија“, изјави Слуцки пред новинарите.

Share
Scroll to Top