Русија во блиска иднина ќе го евакуира персоналот од својата дипломатска мисија во Украина, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.
„Во сегашните околности, наш приоритет е да се грижиме за руските дипломати и вработените во амбасадата и генералниот конзулат. За да ги заштитиме животите и безбедноста на руските граѓани, раководството одлучи да го евакуира рускиот персонал од дипломатската мисија во Украина. Евакуацијата ќе се изврши во блиска иднина.“ се наведува во соопштението на Министерството, пренесува ТАСС.