Мураев: Ќе не поделат, како што направија со Југославија

пред 3 години

Во иднина, на Украина може да и се случи судбината на Југославија и да биде поделена на четири дела, изјави украинскиот политичар Евгеније Мураев за украинскки медиуми.

Според него, западните земји, како Полска, Унгарија и Романија, имаат свои цели, инвестираат пари во пограничните области и активно им ги даваат своите пасоши на Украинците.

„Ние не сме економски независни, не можеме да се издржуваме, немаме ветувачка иднина, живееме на кредит“, рече Мураев.

Тој го критикуваше претседателот Владимир Зеленски за неговите зборови дека, СССР бил агресор, посочувајќи дека, според таа логика, треба да се вратат пет области, што Европа и ги даде на Украина.

Претходно, поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили зборуваше за можно распаѓање на Украина. Според неговите изјави пренесени од агенциите државата е пред пропаст поради зголемувањето на централизацијата.

Share
Scroll to Top