Над 40.000 луѓе тестирани во Австралија, нови случаи има само во Сиднеј

пред 4 години

Властите во Австралија тестираа 40.000 луѓе, а нови случаи на коронавирус има само во Сиднеј.

Сепак, овој град забележа најмал број на нови случаи на коронавирус во последните неколку дена – само 83.

Австралиските федерални држави и територии од вчера им забранија влез на жителите на Сиднеј поради случаите на коронавирус.

Авиокомпаниите ги откажаа летовите од и до овој град од полноќ по локално време, а многу граѓани се обидоа да го напуштат градот во последен момент и се направи метеж на аеродромите.