Над 500.000 лица се вратиле во градот Газа откако стапи во сила прекинот на огнот

Над 500.000 лица се вратиле во градот Газа откако стапи во сила прекинот на огнот

пред 12 месеци

Агенцијата за цивилна заштита на Газа, која е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500.000 лица се вратиле во градот Газа откако првата фаза на прекинот на огнот стапи во сила претходниот ден.

– Повеќе од половина милион лица се вратиле во Газа (Сити) од вчера, изјави Махмуд Басал, портпарол на цивилната одбрана, службата за спасување која работи под надлежност на Хамас.

На снимки објавени од светските медиуми се гледаат Палестинци кои се враќаат во градот Газа, многумина од нив веејќи палестински и египетски знамиња.

Текстот Над 500.000 лица се вратиле во градот Газа откако стапи во сила прекинот на огнот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top