Француската полиција застрела човек кој нападнал друго лице со нож во близина на Париз и му ја отсекол главата, соопшти полицијата.
Француски антитерористички обвинител изјави дека го истражува нападот што се случил во населбата Конфлан Сен-Онорин, предградие северозападно од Париз.
Друг полициски извор рече дека сведоците го слушнале напаѓачот како вика „Алаху Акбар“ или „Бог е голем“ .Француските медиуми пишуваат дека жртвата била наставник во блиското училиште, а напаѓачот бил родител на ученик.
Полицијата не ги потврди обвинувањата.