Шефот на украинските железници утринава потврди дека пет железнички станици во централна и западна Украина биле под оган.
Александар Камишин рече дека има пријавено жртви, но не се познати детали.
5 railway stations shelled during one hour today in the morning. 16+ passenger trains delayed. Casualties reported, details later. #russians keep destroying #ukrainian railway infrastructure.
— Alexander Kamyshin (@AKamyshin) April 25, 2022
Тој додаде дека сите напади следеле во рок од еден час, а поради тоа доцнеле 16 патнички возови.
– Пет железнички станици беа мета на русите утрово. Повеќе од 16 патнички возови доцнат. Жртвите се пријавени, детали подоцна. Русите продолжуваат да ја уништуваат украинската железничка инфраструктура – изјави Камишин.