Девет лица загинаа, а девет се повредени денеска во руски напад на телевизиска кула во близина на градот Ривне во западна Украина, соопштија локалните власти.
„ Во 16:00 часот по Гринич можеме да потврдиме дека има девет мртви и девет повредени“, изјави за новинарите Валериј Кобал, претставник на локалната власт.
Кобал објасни дека два проектили погодиле телевизиска кула во селото Антопилу, 15 километри источно од Ривне, како и административната зграда до неа.
„ Засега спасувачките операции се уште се во тек и ќе продолжат се додека не се исчистат целосно сите остатоци во зградите“, додаде Кобал.
Телевизиските програми од вечерта повторно делумно може да се следат преку кабелската мрежа.