Напад со дронови во Одеса, најмалку четири лица се повредени, меѓу нив и седуммесечно бебе

Напад со дронови во Одеса, најмалку четири лица се повредени, меѓу нив и седуммесечно бебе

пред 2 часа

Најмалку четири лица, од кои три се деца, се повредени во синоќешниот руски напад со беспилотно летало врз Одеса, објавија денес регионалните власти, наведувајќи дека се оштетени станбени згради и инфраструктурни објекти.

„Нападот со беспилотно летало бил насочен кон станбени згради, логистика и енергетска инфраструктура“, изјави началникот на регионот Одеса, Олег Кипер, во порака на Телеграм.

Воените власти на тој регион објавија дека меѓу повредените има седуммесечно бебе и две други деца, како и 42-годишен маж, пренесува Ројтерс.

Големото црноморско пристаниште Одеса е цел на повторени руски напади со беспилотни летала и ракети, кои ја уништуваат енергетската, сообраќајната и пристанишната инфраструктура, како и станбените делови на тој град, според медиумот.

Текстот Напад со дронови во Одеса, најмалку четири лица се повредени, меѓу нив и седуммесечно бебе е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top