Напад со нож на аеродром во Дизелдорф, eден ранет

пред 3 години

Еден човек е ранет денеска во напад со нож на аеродромот во Дизелдорф, а осомничениот е во бегство, соопштија германските власти.

Според германските медиуми, нападот се случил пред терминалот за полетување.

Мотивот засега не е познат, посочува германскиот магазин „Фокус“.

Според „Спутник“, и федералната и локалната полиција трагаат по сторителот.

Share
Scroll to Top