Нападите врз Иран ќе ескалираат оваа недела, кажа израелскиот министер за одбрана

Нападите врз Иран ќе ескалираат оваа недела, кажа израелскиот министер за одбрана

пред 7 часа

Американско-израелските напади врз Иран „значително ќе ескалираат“ оваа недела, рече израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, за време на состанокот со воени претставници, објави „Тајмс оф Израел“.

Според израелскиот весник, Кац изјавил дека Израел „е решен да ја продолжи офанзивата против иранскиот терористички режим, да ги обезглави неговите команданти и да ги попречи неговите стратешки капацитети, сè додека не се отстранат сите безбедносни закани за Државата Израел и американските интереси во регионот“.

„Нема да застанеме сè додека не се постигнат сите воени цели“, додаде тој.

Текстот Нападите врз Иран ќе ескалираат оваа недела, кажа израелскиот министер за одбрана е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top