Најмалку 15 повредени во синоќешните руски напади врз Украина

Најмалку 15 повредени во синоќешните руски напади врз Украина

пред 2 часа

Најмалку 15 лица се повредени во масовниот руски напад врз Украина во текот на ноќта, соопштија локалните власти, цитирани од ДПА.

Сирени за воздушни напади се огласија во многу делови од земјата, принудувајќи ги жителите да бегаат во засолништата. Силни експлозии се слушнаа во Киев, Харков и Днипро (Днепропетровск).

Олександр Гања, началник на воената администрација на регионот Днипро, соопшти дека се повредени најмалку 14 лица, вклучувајќи едно дете. Уште едно лице е повредено во регионот Никопол, а станбени згради се оштетени во Кривиј Рог.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија истрелала крстосувачки ракети и роеви беспилотни летала во обид да ја совлада украинската воздушна одбрана.

Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана објави дека 127 украински беспилотни летала се соборени над Русија во текот на ноќта, вклучително и во регионите Свердловск и Чељабинск.

Текстот Најмалку 15 повредени во синоќешните руски напади врз Украина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top