Најмалку десет луѓе загинаа во автобуска несреќа во Мексико

Најмалку десет луѓе загинаа во автобуска несреќа во Мексико

пред 3 часа

Најмалку 10 лица загинаа, а 20 се повредени во синоќешната автобуска несреќа што се случи во западната мексиканска држава Мичоакан.

Несреќата, чија причина сè уште е непозната, се случила на патот помеѓу главниот град на државата Морелија и селото Пацкуаро. Спасувачките операции и медицинската помош се на местото на несреќата.

Сообраќајните несреќи во Мексико изминатите години бележат пораст, а главни причини се пребрзото возење и лошото одржување на возилата. Во септември, цистерна што превезувала речиси 50.000 литри бензин експлодираше под надвозник на автопат во главниот град Мексико, при што загинаа десетици луѓе.

Текстот Најмалку десет луѓе загинаа во автобуска несреќа во Мексико е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top