Најскептични на вакцинација-на врвот се граѓаните на Кипар, Летонија, Хрватска, Бугарија и Франција

пред 4 години

Жителите на Кипар, Летонија, Хрватска, Бугарија и Франција се најскептични во однос на вакцинацијата против коронавирус, додека Данците, Ирците, Швеѓаните и жителите на Малта се најмалку скептични, покажуваат резултатите на Евробарометар.

Нешто повеќе од една петтина од хрватските граѓани изјавиле дека не сакаат да се вакцинираат против Ковид-19, поради што Хрватска е меѓу првите неколку земји во Европската Унија, пренесуваат хрватските медиуми.

На прашањето кога би се вакцинирале против Ковид-19, 22 проценти од испитаниците во Хрватска одговориле „никогаш“.

Најголем број на такви одговори дале и граѓаните на Кипар со 26 проценти, следи Летонија со 23 проценти и 22 проценти од граѓаните на Хрватска, Бугарија и Франција.

Една петтина, или 20 проценти од испитаниците во Хрватска изјавиле дека ќе бидат вакцинирани што е можно поскоро или веќе биле вакцинирани, 27 проценти изјавиле дека ќе бидат вакцинирани подоцна оваа година.

Најмалку скептични граѓани во однос на вакцинацијата има во Данска само два проценти, па следуваат Ирска, Шведска и Малта со по четири проценти и Португалија пет проценти.

Повеќе од половина од Хрватите, дури 55 проценти, биле задоволни од мерките преземени од Европската Унија во борбата против пандемијата со коронавирусот.

Најмалку задоволни се жителите на Грција, Франција и жителите на Германија .

Најзадоволни се луѓето во Данска, Летонија и Португалија.

Share
Scroll to Top