Во Шри Ланка денеска е воведен полициски час откако претседателот Готабаја Раџапакса вчера воведе вонредна состојба.
– Врз основа на добиените овластувања од претседателот, низ целата држава воведен е полициски час од 18:00 часот до понеделник, 4 април, во 06:00 часот – се наведува во соопштението на Министерството за информации.
Шри Ланка се бори со криза на девизниот пазар, што доведе до девалвација, што влијаеше на плаќањата за увоз на критични стоки, како што се храна, лекови и гориво.
Во Шри Ланка има недостиг на гориво, цените на храната постојано растат, а имаше и протести додека администрацијата се подготвува за разговори со Меѓународниот монетарен фонд бидејќи се загрижени за способноста на државата да ги отплати меѓународните долгови.
Индија минатиот месец се согласи да и додели заем од милијарда долари на Шри Ланка за да го намали недостигот на основни производи, вклучително гориво, храна и лекови.
Раџапакса вчера прогласи вонредна состојба по протестите проследени со насилство поради најтешката економска криза во изминатите неколку децении.