Несекојдневна глетка во Чиле, снег ја покри пустината Атакама

Несекојдневна глетка во Чиле, снег ја покри пустината Атакама

пред 1 час

Несекојдневна глетка е забележана во пустината Атакама во Чиле, каде што обилни снежни врнежи покрија делови од еден од најсушните региони во светот.

Сателитските снимки објавени од американската вселенска агенција НАСА покажуваат снежна покривка во делови од Атакама, како и на висорамнината Чахнантор во северниот дел на Чиле.

На оваа висорамнина се наоѓа и големиот радио-телескопски комплекс АЛМА, чие функционирање било привремено прекинато поради снегот и силните ветрови. Иако снегот не е целосно непозната појава во овој регион, овојпат погоденото подрачје е особено големо.

Според НАСА, обилните снежни врнежи биле предизвикани од одвоен систем на низок воздушен притисок кој над северниот дел на Чиле се судрил со област со влажен воздух.

Пустината Атакама е позната како едно од најсувите места на Земјата, поради што снежната покривка создаде особено необична глетка.

Текстот Несекојдневна глетка во Чиле, снег ја покри пустината Атакама е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top