Нетанјаху стигна во Белата куќа, Трамп уверен дека ќе има мир во Газа

Нетанјаху стигна во Белата куќа, Трамп уверен дека ќе има мир во Газа

пред 7 месеци

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска пристигна во Белата куќа, каде што беше пречекан од американскиот претседател Доналд Трамп, јави Би-Би-Си.

За време на кратката средба пред новинарите, на прашање дали верува дека наскоро ќе биде постигнат мир во Газа, Трамп одговори: „Да, многу сум уверен.“

Двајцата лидери потоа се упатија на затворен состанок во Овалната соба, каде што се очекува да разговараат за нов мировен предлог од 21 точка. Подоцна е најавен заеднички ручек и прес-конференција, на која ќе бидат соопштени повеќе детали од разговорите.

Текстот Нетанјаху стигна во Белата куќа, Трамп уверен дека ќе има мир во Газа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top