Никaко да не јадете слатко пред вакцинација, предупредува руски доктор

пред 3 години

Неопходно е да се воведат одредени промени во исхраната пред вакцинацијата против ковид, а пред се, неопходно е да се елиминира храната што содржи шеќер за да се намали ризикот од несакани ефекти, вели рускиот гастроентеролог Никита Харлов во интервју за „Спутник“.

Многу е важно навремено да се откажеме од слатките, имајќи предвид дека вакцинацијата е потешко да се толерира за време на зголеменото ниво на шеќер во крвта, изјави тој.

Истото важи и за сите производи што содржат голема количина јаглени хидрати, како што се компири, каша и леб, кои исто така го зголемуваат шеќерот во крвта, објасни Харлоу.

Лекарот советува внесот на овошје да се намали двапати пред вакцинацијата. Тој смета дека е најштетно да се јадат банани, грозје и дињи непосредно пред и по вакцинацијата. Исклучок се цитрусите, така што може да се јадат лимон, лимета и грејпфрут.

Исто така вели тој покрај производите што доведуваат до зголемување на нивото на шеќер во крвта, неопходно е да се избегнат сите намирници кои можат да предизвикаат алергии.

„ Не смееме да јадеме нова храна, треба да јадеме она на што сме навикнати, па дури и одредена марка колбаси или млеко. Не смееме да правиме никакви експерименти и да консумираме егзотични производи”, подвлече Харлоу.

Удар врз имунолошкиот систем, исто така, може да биде голема количина на храна што се внесува, предупреди тој. Најдобро би било да се направат промени во исхраната неколку дена пред вакцинацијата и да се придржуваат до нив две недели по вакцинацијата, односно во исто време кога се формира примарниот имунолошки одговор, заклучи Харлоу.

Share
Scroll to Top