Нова истрага за смртта на една од најпознатите жртви на Џефри Епстин

Нова истрага за смртта на една од најпознатите жртви на Џефри Епстин

пред 4 часа

Австралиската полиција ќе ги преиспита околностите околу смртта на Вирџинија Џуфре, една од најпознатите жртви на Џефри Епстин, откако нејзиното семејство ги обвини институциите за сериозни пропусти во постапувањето по нејзините пријави за семејно насилство, јавува „Телеграф“.

Началникот на полицијата на Западна Австралија, Кол Бланч, изјави дека специјализиран тим ги проверува сите контакти што Џуфре ги имала со полицијата, а можно е да бидат отворени и посебни истраги од страна на судскиот вештак и Народниот правобранител.

Семејството смета дека доколку случаите на семејно насилство биле темелно истражени, Џуфре можеби ќе била жива. Заедно со 16 експерти за семејно насилство тие побараа официјална истрага за тоа дали институциите потфрлиле во последните месеци од нејзиниот живот.

Во моментот на смртта, Џуфре живеела одвоено од сопругот, со кого била во бракоразводна постапка и кого претходно го обвинила за физичко и емоционално насилство. Во јавноста претходно беа објавени и полициски документи од 2015 година во кои се наведуваат нејзини пријави за семејно насилство.

Џуфре, која стана позната по сведочењата против Џефри Епстин и неговата мрежа за сексуална експлоатација, почина во април 2025 година на 41-годишна возраст. Нејзиното семејство прифаќа дека смртта била самоубиство, но бара темелно да се испита дали системот можел да спречи ваков исход.

Текстот Нова истрага за смртта на една од најпознатите жртви на Џефри Епстин е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top