Нови испитувања на СЗО покажуваат дека ремдесивир не е ефикасен против Ковид-19

пред 4 години

СЗО издаде условена препорака против употребата на ремдесивир кај хоспитализирани пациенти, без оглед на сериозноста на болеста, бидејќи во моментов нема докази дека овој лек ги зголемува можностите за преживување на пациентите, се наведува на веб-страницата на оваа организација.

Препораката, објавена денеска, е дел од упатствата и препораките за клиничка нега за Ковид-19. Таа е развиена од меѓународна експертска група, која вклучува 28 експерти за клиничка нега, 4 партнери-пациенти и еден етичар.

Работата на овој проект започна на 15 октомври кога СЗО објави привремени резултати. Податоците разгледани од ова тело, вклучуваат резултати од интерното испитување, како и 3 други контролирани испитувања. Вкупно, во четирите студии биле разгледани податоци од над 7.000 пациенти.

Доказите не покажуваат некој значителен ефект врз смртноста, потребата од механичка вентилација, како и времето за клиничко закрепнување, велат од СЗО.

Share
Scroll to Top