Навални од затвор: Престанете со ноќните проверки на мојата ќелија

пред 3 години

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој издржува затворска казна, побара од судот да ги прекине проверките на кои тој е изложен секоја вечер во неговата ќелија.

Обраќајќи му се на судот преку видеоврска од затворот во Владимир, Алексеј Навални рече дека не сторил ништо што би ја оправдало одлуката на властите да го обележат како ризичен за бегство, пренесува агенцијата АП.

„Само сакам да престанат да доаѓаат кај мене и да ме будат ноќе. Што направив? Дали се искачив на оградата? Дали ископав тунел? Или, пак, вперив пиштол кон некого? Само објаснете зошто ме означивте како некој за кого постои ризик да избега?“, праша Навални.

Тој рече дека ноќните проверки на секој час се тортура, велејќи му на судијата дека и тој ќе полуди за една недела ако биде изложен на такво постојано будење.

Share
Scroll to Top