Во германската покраина Баварија од денес може да се оди во многу продавници само со закажан термин и негативен тест.
Ова ново правило важи во сите региони каде што има зголемен број на заразени.
Продавниците за храна, супермаркетите, дрогериите, оптичарите и аптеките се изземени од оваа мерка.
Клиентите можат да влезат во сите други продавници само доколку имаат закажано термин и доколку биле тестирани на коронавирус.
ПЦР-тестот за влегување во продавница важи најмногу 48 часа, а антигенскиот 24 часа.