Новинарот Такер Карлсон: Одлуката на САД Украина да гаѓа длабоко во Русија ќе ги загрози животите на Американците

Новинарот Такер Карлсон: Одлуката на САД Украина да гаѓа длабоко во Русија ќе ги загрози животите на Американците

пред 14 часа

Американскиот новинар Такер Карлсон денеска изјави дека одлуката на американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден да и дозволи на Украина да напаѓа цели длабоко во Русија со проектили со долг дострел АТАКМС може да ги загрози животите на самите Американци.

Карлсон на платформата X напиша дека Бајден штотуку започнал војна со Русија, која ја нарече „најопасната земја во светот“.

Американскиот новинар, коментирајќи го видеото објавено од друг корисник за почетокот на производството на мобилни засолништа во Русија, го критикуваше претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Мајкл Џонсон за фактот дека „не ги спомнува мобилните засолништа во Русија ниту во јавност ниту на состаноци со лидерите на фракциите во Долниот дом”.

Текстот Новинарот Такер Карлсон: Одлуката на САД Украина да гаѓа длабоко во Русија ќе ги загрози животите на Американците е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top