Новоформираната иранска агенција објави: „Ормускиот теснец затворен до понатамошно известување“

Новоформираната иранска агенција објави: „Ормускиот теснец затворен до понатамошно известување“

пред 3 часа

Иранските власти го повторија своето тврдење дека преминот низ Ормускиот теснец е целосно блокиран, а новоформираната Управа за теснецот Персискиот Залив (PGSA) – тело создадено од Техеран за контрола на пловидбата низ овој тесен и стратешки клучен морски премин – официјално објави дека водниот пат е затворен „до понатамошно известување“.

„Со оглед на тензиите предизвикани во регионот од страна на агресорните американски сили и синоќешната изјава на иранските вооружени сили, Ормускиот теснец ќе биде затворен до понатамошно известување. Ги молиме сите сопственици на бродови кои веќе добиле дозволи за премин да бидат трпеливи и да чекаат понатамошни инструкции од PGSA“, објави агенцијата на социјалните медиуми.

Иако иранската страна ја префрла целата одговорност за ескалацијата исклучиво на Вашингтон, фактот е дека Иран, исто така, започна масовни напади преку ноќ, лансирајќи балистички ракети врз воени бази и позиции во неколку соседни земји во регионот. Од друга страна, утрово американската војска остро ги негираше овие тврдења од Техеран, велејќи дека информациите за блокадата се неточни и дека теснецот всушност е сè уште целосно отворен за пловидба.

Текстот Новоформираната иранска агенција објави: „Ормускиот теснец затворен до понатамошно известување“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top