Норвешка забрани послужување алкохол во рестораните и баровите

пред 4 години

Норвешка ќе воведе нови ограничувања за да го спречи ширењето на коронавирусот, изјави премиерката Ерна Солберг.

Според неа, новите мерки вклучуваат забрана за послужување алкохол во рестораните и баровите, а собирите во домовите се дозволени само за членовите на семејството.

Нордиската земја бележи зголемување на случаите на коронавирус во последниот месец, па се проценува дека едно заразено лице заразило 1,3 лица, според норвешката влада.

Солберг оцени дека зголемувањето на бројот на пациенти се должи на прославата на Божиќ и Нова година, но и поради појавата на новиот вид на вирус во Велика Британија кој се пренесува побрзо.

Во четвртокот, Осло воведе задолжителни тестови на Ковид-19 за сите луѓе кои влегуваат во Норвешка, веднаш по пристигнувањето или во рок од 24 часа.

Share
Scroll to Top