Обединетите Арапски Емирати пресретнаа ирански балистички ракети и дронови

Обединетите Арапски Емирати пресретнаа ирански балистички ракети и дронови

пред 4 часа

Обединетите Арапски Емирати пресретнаа три балистички ракети и осум дронови лансирани од Иран во саботата, соопшти Министерството за одбрана.

Во објава на социјалната мрежа X, Министерството ги презентираше вкупните податоци од почетокот на конфликтот.

„Од почетокот на отворената агресија на Иран, воздушната одбрана на ОАЕ ангажираше 341 балистички ракети, 15 крстосувачки ракети и 1.748 дронови. Овие напади резултираа со маченичка смрт на двајца припадници на вооружените сили додека ја извршуваа својата национална должност, како и со загинување на шест лица од пакистанска, непалска, бангладешка и палестинска националност. Вкупно 160 лица беа повредени, со повреди од полесни до умерени и тешки“, се вели во соопштението.

Текстот Обединетите Арапски Емирати пресретнаа ирански балистички ракети и дронови е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top