Австралија ќе дозволи целосно вакцинирани лица кои ги исполнуваат условите да влезат во земјата од 1 декември без да аплицираат за изземање од патување, изјави денеска премиерот Скот Морисон.
Морисон, исто така, презема дополнителни чекори за да ги рестартира меѓународните патувања во Австралија, а од почетокот на декември ќе им дозволи и на целосно вакцинираните граѓани на Јапонија и Јужна Кореја да влезат во земјата.
Најголемите австралиски градови, Сиднеј и Мелбурн, ги отворија своите граници за меѓународните патници од 1 ноември, иако олеснувањето на правилата за влез е од корист само за граѓаните кои се враќаат и за постојаните жители.