Од денеска слободен влез во Србија, укинати се сите ограничувања

пред 3 години

Од поноќ престанаа да важат сите мерки и ограничувања за влез во Србија, воведени поради сосојбата со Ковид-19, како за странските, така и за домашните државјани.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Тие повеќе нема да мора да приложат негативен ПЦР тест, брз антиген тест, доказ за минато боледување или потврда за вакцинација, без разлика од која земја доаѓаат.

Одлуката за слободен влез на српски и странски државјани во земјата е донесена врз основа на моменталната епидемиолошка состојба во Србија и е во согласност со одлуките на повеќето земји во Европа и регионот. Надлежните институции од час во час продолжуваат да го следат развојот на епидемиолошката состојба во Србија и навремено ќе ја информираат јавноста.

Препораката за носење маски во затворен простор останува на сила, а носењето маски во здравствените установи е задолжително. Амбулантите за Ковид, пунктовите за тестирање на Ковид-19 и пунктовите за вакцинација продолжуваат да работат вообичаено.

Share
Scroll to Top