Од касарна кај Сараево украдени 25 пиштоли

пред 4 години

Голема количина пиштоли е украдена од касарна на вооружените сили на Босна и Херцеговина, а случајот во моментов го истражува воената и цивилната полиција, потврди Министерството за одбрана на БиХ.

Во соопштението од министерството се вели дека за време на редовните контроли извршени вчера било утврдено дека е оштетен печат на вратата на еден од магацините во касарната на касарната во Пазариќ, кај Сараево.

Веднаш била повикана воената полиција, а после тоа се вклучила и Државната агенција за истраги и заштита (СИПА), чии членови се обидуваат да утврдат кој и како упаднал во магацинот.

Во соопштението не се наведува што точно е украдено, но локалните медиуми наведуваат дека се работи за најмалку 25 пиштоли спакувани во кутии.

Од СИПА потврдиле дека тие се вклучени во истрагата, но не сакале да откријат никакви детали.

Медиумите потсетуваат дека ова не е прв случај на кражба на оружје од објект на вооружените сили на БиХ.

Слична кражба се случила во Билеча во источна Херцеговина во 2017 година, кога од касарна биле украдени 14 пиштоли со рамки за муниција. Овој случај не е расчистен до денес.

Share
Scroll to Top