(Од минута во минута) Нема услови за лидерска средба, преговорите продолжуваат утре, експлозии во Одеса

пред 3 години

Специјалната операција на руската армија во Украина денеска влезе во 39. ден

Клучни настани

09.25 Песков: Главната цел на руската операција е да се спасат републиките Доњецк и Луганск

Русија се надева дека за време на воената акција во Украина ќе биде исполнета една од нејзините главни задачи за спас на самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск (ДНР и ЛНР) и враќање на нивната државност, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков

09.20 Русија: Преговори утре, нема услови за средба на лидерите

Русија соопшти дека мировните преговори со Украина ќе продолжат утре, но дека не постигнале доволно напредок за средбата на двајцата претседатели, а ставот на Москва за статусот на Крим и Донбас останува непроменет.

09.15 Шефот на украинскиот преговарачки тим: Русија усно се согласи со нашите барања

Шефот на украинската преговарачка делегација изјави дека Русија усно се согласила со предлозите на Украина дадени за време на преговорите на делегациите во Истанбул.

09.12 Москва отвори хуманитарен коридор од Мариупол на барање на Ердоган

Москва одлучи да отвори уште еден хуманитарен коридор за евакуација на цивили и странски државјани од градот Мариупол на барање на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, соопшти руското Министерство за одбрана

09.10 Украинците на колена го пречекаа конвојот паднати војници

Украинскиот дипломат и поранешен амбасадор во Австрија, Олександер Шерба на својот Твитер профил објави видео од украинскиот народ како пречекува конвој возила со паднати војници

09.08 Одеса е нападната – силни експлозии одекнуваат во градот

Во последните неколку часа серија проектили беа истрелани кон украинскиот пристанишен град Одеса

09.05 Украинците претставуваат значаен предизвик за руските воздушни и ракетни операции

Британците наведуваат дека Украина продолжува да нуди значителен отпор на руските воздушни и ракетни операции, иако се наведува дека има концентрација на руски воздушни активности кон југоисточниот дел на земјата

09.00 Зеленски: Русија има за цел да ги окупира истокот и југот на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските сили имаат за цел да го окупираат истокот и југот на земјата и се пожали дека западните земји не му дале на Киев доволно противракетни системи