Ја следиме војната во Украина, која денеска влезе во третиот месец.
Клучни моменти:
Шефот на ОН пред да ги посети Москва и Киев ќе оди во Турција
Русија насилно регрутира цивили од окупираните територии во армијата, тврди Украина
Зеленски денеска во Киев ќе се сретне со шефот на американската дипломатија и министер за одбрана
Путин се појави на православната велигденска миса
Зеленски рече дека мора да се сретне со Путин и дека не се плаши од тоа и дека Украина ќе ги прекине преговорите доколку Русија „го убие народот во Одеса и почне со квази-референдуми“.
Проектилот погодил станбен комплекс во Одеса, при што загинале 8 лица
Украина објави дека Русија извршила нови напади врз Азовстал
Од час во час:
Руската инвазија на Украина утрово влезе во третиот месец. Крајот на борбите не е на повидок, илјадници се убиени, милиони протерани, а градовите претворени во урнатини.
08:48 Русија насилно регрутира цивили од окупираните територии во армијата, тврди Украина
Украина ја обвини руската армија за насилно регрутирање цивили во окупираните делови на источна Украина, пишува германската агенција ДПА.
„ Руската армија, освен што регрутира млади луѓе, насилно ги принудува украинските лекари да служат во провинциите Херсон, Запорожје и Харков“, напишаа на Фејсбук украинските воени претставници.
08:44 Шефот на ОН пред да ги посети Москва и Киев ќе оди во Турција
Генералниот секретар на ОН ќе ја посети Турција пред да замине за Москва и Киев.
Според соопштението на ОН, Антонио Гутереш утре ќе ја посети Анкара, каде ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
08:40 Зеленски во Киев ќе се сретне со Блинкен и Лојд, од кои ќе бара повеќе оружје
Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министерот за одбрана Лојд Остин денеска ќе го посетат главниот град Киев.
Белата куќа, сепак, се уште не го коментираше ова.
08:20 (Видео) Патријархот Кирил служеше велигденска литургија на која присуствуваше и Путин
Патријархот Московски и на цела Русија, Кирил служеше велигденска литургија во црквата Христос Спасителoт во Москва, на која присуствуваше и рускиот претседател Владимир Путин.