Одложено отворањето на „Октоберфест“ поради експлозии во Минхен

Одложено отворањето на „Октоберфест“ поради експлозии во Минхен

пред 6 месеци

Денешното отворање на „Октоберфест“ се одложува поради инцидент во северен Минхен, каде што, под сè уште необјаснети околности, се запали куќа и беа поставени експлозивни направи, а полицијата моментно ја истражува поврзаноста со „Октоберфест“.

„Можната поврзаност со други локации во Минхен, вклучувајќи го и местото на одржување на „Октоберфест“, моментно се истражува. Отварањето се одложува“, соопшти полицијата во баварската престолнина.

Голема полициска и противпожарна операција е во тек од раните утрински часови во северен Минхен откога се слушнале експлозии и пукотници. На местото на настанот биле распоредени специјални сили и одреди за деактивирање бомби, а бил видлив и густ облак од чад, објавува „Билд“.

За време на интервенцијата пронајдено е тело на маж, а според неофицијални информации, се сомнева дека тој поставил експлозивни направи во куќата на своите родители, ја запалил, а потоа си го одзел животот.

Медиумските извештаи велат дека сторителот оставил порака, во која сугерира дека поставил бомба на „Октоберфест“.

Текстот Одложено отворањето на „Октоберфест“ поради експлозии во Минхен е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top