Омикрон досега е потврден во 15 американски сојузни држави, но сојот делта останува доминантен во повеќето случаи низ целата земја, објави денеска директорката на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), Рошел Валенски.
“Знаеме дека имаме неколку десетици случаи (омикрон) и будно ги следиме. И секој ден слушаме за сè поверојатни случаи, па тој број веројатно ќе расте ” изјави директорот на ЦДЦ во интервју за АБЦ Њуз, пренесува Ројтерс.
Валански изјави дека се потребни повеќе податоци и дека омикронскиот сој на коронавирус е потврден во Калифорнија, Колорадо, Конектикат, Хаваи, Мериленд, Масачусетс, Минесота, Мисури, Небраска, Њу Џерси, Њујорк, Пенсилванија, Јута, Вашингтон и Висконсин. .
Валенски рече дека делта сојот на коронавирусот е оној што претставува најголем дел од случаите во САД, а бидејќи, како што наведе, се знае дека вакцините штитат од хоспитализација и смрт, здравствените власти се надеваат дека ќе ги ублажат последиците од омикрон.