ОН: 422.000 луѓе избегаа од Украина

пред 3 години

Портпаролката на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци на „Твитер“ објави дека 422.000 луѓе избегале од Украина во соседните земји.

УНХЦР оцени дека луѓето кои ја напуштаат земјата се бегалци, додаде портпаролката.

Повеќе од 100.000 луѓе сега се раселени во Украина, соопшти агенцијата, додавајќи дека според дел од извештаите луѓето не успеваат да се качат во преполните возови кои би ги извлекле од Украина.

Share
Scroll to Top