Орбан: Ако Русите побараат, ќе плаќаме во рубљи

пред 3 години

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, изјави дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин и побарал од него да спроведе прекин на огнот во Украина.

На прес-конференцијата Орбан рече дека го повикал Путин на мировни преговори во Унгарија, кои ќе се одржат со украинскиот и францускиот претседател, како и со германскиот канцелар. Тој рече дека одговорот на Путин бил позитивен, но оти рекол и дека ќе има одредени услови.

Новинарка на „Волстрит журнал“ го пренесува и ставот кој украинскиот премиер го изнел на прес-конференцијата, во однос на плаќањата за руските енергенси.

„Ако Русите побараат, ние ќе платиме во рубљи“, рекол Орбан.

Share
Scroll to Top