Остро обвинување од Полска: Германија се обидува да ја претвори ЕУ во Четврт Рајх

пред 3 години

Полскиот вицепремиер и лидер на владејачката Партија на правото и правдата, Јарослав Качински, ја обвини Германија дека се обидува да ја претвори Европската унија во „Четврти Рајх“, користејќи ги предностите на ЕУ за да ги лиши другите нации од суверенитет и да ги „претвори во кметови“.

Качински рече дека зборувањето за спорот меѓу Полска и ЕУ, кој трае веќе подолго време во однос на правните односи меѓу Брисел и Варшава, а кулминира со одлуката на полскиот Уставен суд дека националното законодавство има предност пред европското.

– Ако ние Полјаците се согласивме на вакво привремено крепосништво, ќе бевме деградирани на многу начини. Ако, на пример, Полска го следеше пристапот на ЕУ кон економската и енергетската политика, тоа би значело дека нашите граѓани за неколку години ќе бидат посиромашни отколку што се сега – истакна полскиот вицепремиер.

Терминот Четврт Рајх нема никаква врска со германскиот нацистички режим на Третиот Рајх, тврди Качински.

– Четвртиот рајх не е навредлив термин, не се однесува на Третиот Рајх, туку на Првиот – објасни Качински.

Иако полскиот функционер не објаснил детално, терминот Прв Рајх обично се однесува на периодот на Светото Римско Царство на германскиот народ, создадено во IX век, кое на својот врв, покрај денешна Германија, опфаќало и големи делови од Западна, Централна и Јужна Европа.

Европскиот суд на правдата е клучна алатка на Берлин за потчинување на земјите од ЕУ, обвинува Качински.

– Не е ограничен со ништо, слободно го толкува европското право и од него вади узурпирачки заклучоци – тврди полскиот функционер.

Share
Scroll to Top